Локалната Акциска Група „Малеш –Пијанец“ се состои од чинители од територијата на Општините Берово, Делчево и Пехчево. Уште во ноември 2016 година во рамки на активностите на проект от на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој спроведе процес за градење на капацитетите во 17 општини во Источниот и Југоисточниот плански регион кој резултираше со создавање на четири иницијативи за ЛАГ , вклучувајќи го и ЛАГ Малеш-Пијанец. Основачкото собрание се одржа на 24 јаунари 2018 година со што започна официјалното функционирање на ЛАГ-от согласно Лидер пристапот за поддршка на руралниот развој кој се имплементира во земјите на ЕУ и Македонија како земја кандидат на ЕУ. На основачкиот состанок присутни беа претставници од трите општини, бизнис секторот и граѓанските организации. На почетокот на мај истата година беа дефинирани приоритетите на кои ќе се фокусира ЛАГ Малеш-Пијанец, а на средината од месецот беше впишувањето на ЛАГ-от во регистерот на МЗШВ, со што се овозможи во овие три општини да се зголемат можностите за добивање поголеми финансиски средства за имплементација на проекти и нов пристап за нивен развој.