Почитувани, Ве охраборуваме и поттикнуваме да се приклучите кон нашата Локална Акциска Група и заеднички да работиме на развој на условите во кои живееме, да го подобриме нашето секојдневие и да оставиме чиста и здрава средина за идните генерации.
Напомена: Член на ЛАГ-от може да биде врз доброволна основа секој граѓанин и правно лице кое ги прифаќа одредбите на Статутот и кое има желба и интерес да работи на остварување на целите на ЛАГ-от. Тоа може да бидат единиците на локалната самоуправа, научните и стручните институции, локалните јавни институции, државните институции на локално ниво, здруженија и фондации, земјоделски задруги, деловни субјекти, деловни здруженија, стопански комори, други органи на локална самоуправа, локални и државни јавни претпријатиија и други правни лица. Членови може да бидат сите граѓани кои ги исполнуваат критериумите согласно законските прописи и се полнолетни државјани, и мора да имаат живеалиште на територијата на делување на ЛАГ-от. Член може да биде и странски државјанин кој ќе покаже интерес да се вклучи во активностите на здружението.