ЛИДЕР претставува иновативен пристап во рамки на руралната развојна политика на ЕУ. Како иницијатива ЛИДЕР е покрената во 1991 година, а доаѓа од францускиот назив “Liaison entre Actions de Developpment de l’Economie Rurale” што значи „Врски меѓу руралната економија и акциите за рурален развој“.

Се работи за метод за охрабрување и постигнување на локален развој во руралните средини преку заинтересираните страни кои живеат во тие рурални средини со цел да се поттикнат да истражат и најдат нови начини за заедничка соработка за да ги подобрат условите за живот.

ЛИДЕР пристапот се користи нашироко во земјите членки на ЕУ, а во моментот повеќе од 2.400 Локални Акциони Групи активно работат во ЕУ. Досегашните искуства покажуваат дека овој пристап може да направи значителни промени во секојдневниот живот на луѓето во руралните области.

 

ЕУ ЛЕАДЕР пристапот се базира на 7 клучни карактеристики:

  1. Стратегија за локален развој на руралните средини заснована на територија
  2. Подготовка и спроведување на стратегии со пристап „од долу нагоре”
  3. Локално Јавно Приватно Партнерство – Локални Акциони Групи (ЛАГ)
  4. Потикнување на иновации
  5. Интегрирани и повеќесекторски активности
  6. Вмрежување и Соработка