Локалните партнерства помеѓу претставниците на јавниот, граѓанскиот и деловниот сектор од одредена територија чија цел е развој на подрачјето кое го опфаќа се нарекува Локална Акциска Група (ЛАГ). Создавањето на овие групи во Македонија започнува пред околу шест години. Иницијативите во тој период се поттикнати од многу работни средби од главните чинители, работилници, состаноци на кои интензивно се работеше на подготвителните фази. Во овој период се организираа студиски посети, се создаваа соработки и се стекнуваа искуства од веќе развиени ЛАГО-ови во Хрватска, Словенија, Чешка итн. Крајната цел со формирањето на овие ЛАГ-ови, од кои официјално во земјава во 2019 година се регистрирани 13, е целата територија на земјава да биде поделена територијално и покриена , а потоа преку искористување на странски фондови да се развиваат проекти за кои ќе одлучуваат самите жители во тоа подрачје. За првата година од нивното формирање државата има обезбедено 10 милиони денари.