Територијата на ЛАГ-от „Малеш – Пијанец“ е целокупната територија на општините Берово, Делчево и Пехчево кои се наоѓаат во крајниот источен дел на Македонија. Воедно ова е составен дел на Источниот плански регион – еден од 8-те плански региони во државата. Територијата на ЛАГ-от се простира  во Малешевската котлина и областа Пијанец на површина од 1.228 км2, а во него живеат околу 37 171 жители. Со својата местоположба на запад се граничи со општините Македонска Каменица, Виница и Радовиш, на југозапад со општина Василево, на југ со општините Босилово и Ново Село, а на исток со Република Бугарија. Според категоризацијата на рурални и населени подрачја на РМ и методологијата на ОЕЦД1, територијата на ЛАГ-от е рурална.