„Традиционални специјалитети од Малешевијата“, беа промовирани на традиционалниот етно саем – Пехечевски Павловден, на 13 јули 2016 год. Дел од овие специјалитети имаа можност да ги дегустираат присутните гости од земјава и соседна Бугарија, кои беа воодушевени од изгледот и вкусот на храната.  Ваквата промоција на храната имаше хуманитарен карактер, а донираните средства беа наменети за дечињата од Домот за деца со посебни потреби во Берово.

Брошурата беше изработена во рамки на проектната иницијатива „Традиционални специјалитети од Малешевијата“, поттикната од Здружението – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ – Пехчево во партнерство со Еколошко друштво „Солза“ – Пехчево. Проектната иницијатива беше одобрена и поддржана од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, преку процесот на Проектен механизам што го спроведува Мрежата за рурален развој.