Project Description
Археолошки локалитет Св. Петка / се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во
месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за
старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со
поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и
придружни објекти во функција на манастирското стопанство. Ѕидините од
старохристијанската базилика сведочат за животот на монахињите.Според локалните
верување и легенди станувало збор за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се
слушал дури во Берово и Царево Село (Делчево). Во 2000 година Министерството за
култура на Република Македонија и Македонската Православна Црква обезбедија
средства за делумна конзервација на објектот. Неодамна, до локалитетот е изграден
асфалтен пат, со што е лесно достапен за посета на туристите. Поради одличната
местоположба и височината на која се наоѓа (1045 m), од овде се протега восхитувачки
поглед кон Малеш на југ и Пијанец на север.