Project Description

Езеро Калиманци/  вештачка акумулација на реката Брегалница во Очипалско-истибањската Клисура и претставува најголемо езеро во источниот дел на Македонија. Езерото е долго 14 km, широко 0,3 km, а максималната длабочина достигнува до 80 m. Зафаќа површина од 4,23 km2 и акумулира 127 милиони m3 вода. Езерото Калиманци е специфично по големата брегова разгранетост. Вкупната должина на бреговата линија му изнесува 40,5 km (при просечен водостој).  Има неколку заливи и полуострови, еден остров – Калата (1,5 ha) и еден микро-остров кај с. Тодоровци (0,2 ha). Најголем залив е Каменичкиот, вовлечен дури 3 km кон градот Македонска Каменица, потоа Луковичкиот и Рибничкиот Залив (0,8 km). Калиманското Езеро настанало со преградување на долината на Брегалница преку изградба на брана во 1969 година. Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 m (меѓу највисоките во нашата држава), а долга 240 m.