Project Description

Манастир Пресвета Богородица/ започнал да се гради во 1972, а била завршена во
1975 година. Изградена е во стилот на византиско-македонските цркви од среден
век. Манастирот е машки, а типикот на манастирот е исихастички. Во близина на
манастирската се наоѓала друга, постара црква, која што била разрушена, а
иконите од неа били пренесени во новата црква. На 28 август православниот
христијански народ го прославува празникот Успение на Пресвета Богородица. По
тој повод, секоја година, Берово е домаќин на црковно народниот собир кој што се
организира во манастирот Пресвета Богородица – Источен Петок. На 28 август во
Берово доаѓаат луѓе од сите краеви на Македонија и пошироко, чиј што број
достигнува до 15.000. Во манастирот жителите на градот-домаќин организираат
масовна прослава во чест на празникот, при што секој од посетителите –
поклоници, оддава почит на Богородица и учествува на народната трпеза. На тој
начин се продолжува традицијата, која трае веќе десетина векови.