Project Description
Манастир Св. Архангел Михаил / изграден е во 1818 година помеѓу две стари
цркви, “Свети Ѓорѓи” од десната страна на околу стотина метри, на чие што место
денес постои оброчиште и “Света Богорогица” од левата страна, на влезот во
брегалничката клисура, на местото каде во 18 век се наоѓало Берово. Начинот на
кој што е изграден манастирот е врзан со легенда која беровчани со гордост ја
прераскажуваат. Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX
век, доминира во манастирскиот двор. Во нејзината внатрешност ликовите на
светителите се насликани во карактеристичен стил што отстапува од византиските
канони. На иконостасот што го дели олтарот од средниот дел се вградени 10
таканаречени царски икони со врвен уметнички дострел.Во својот најголем подем
манастирот броел и до шеесет монахињи (калуѓерки) со развиена богата
економија, богословско училиште, ткајачница. Од јужната, западната и северната
страна на црквата се сместени конаците во кои живеат монахињите. Ти е се
изградени во чиста малешевска стара архитектура на приземје, со вкупно 16 соби и
површина од 560 m2. Со активностите на манастирот тесно се поврзани
Разловечкото (1876) и Кресненското востание (1878). Манастирот е пристапен и
отворен за духовните потреби на секој добронамерен посетител.