Project Description

Маршрута Орловец/  Маршрутата Орловец поврзува неколку интересни локалитети во околината на Пехчево. Започнува од Барскиот екосистем Езерце во Пехчево и Авантуристичкиот парк во непосредна близина. Се движи низ Пехчево, преку Симин Рид до локалитетот Јудови Ливади каде што се наоѓа ендемичното инсектојадно растение Drossera rotundifolia. Продолжува до врвот Орловец, па преку локалитетот Рудниците и Патеката на Петко и шумските жители – Пехчевска авантура оди до Едукативниот центар за зачувување на природата во селото Негрево. Потоа, преку локалитетот Елата, се враќа во Пехчево. Должината на патеката е околу 12 km и поминува низ пасишта, ниска вегетација и шумски предели.