Project Description

Очипалска Пештера/  Во близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. На североисток од Делчево се  наоѓа  пештера, која месното население ја нарекува Очипалска Пештера. Влезот на пештерата е тесен, но висок. Затоа, пак, во неа живеат лилјаци, птици, инсекти и сл. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка смисла е доста „млада“, најверојатно не постара од 20-40 илјади години.  Очипалска Пештера е интересна по својата положба, имајќи предвид дека во овој краен источен дел на Македонија, карстни форми и типични пештери се вистинска реткост. Пештерата најчесто е посетена од ентузијасти од Република Македонија, т.е од членови на планинарски здруженија, но не и од научната јавност.