Project Description

Црква Св. Петка – Параскева

црква во селото Селник. Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена
за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за
култура на Република Македонија. Градбата на црквата е еднокорабна со
правоаголна основа и е покриена со камени плочи. Градена е од кршен камен и
вар. Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка.
Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно
во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот
алински манастир Св. Спас во Бугарија (1626). Во сликаната програма се вклучени
локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски.
Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век,
додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор
Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската
култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем
дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле
изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.