Project Description

Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево беше домаќин на трибината за вмрежување на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Источен и Југоисточен регион. Како што информираше Јасминка Пашалиска – Андоновска која е дел од локалната акциска група Малеш-Пијанец, настанот е дел од активностите на проектот ЛАГ-НЕТ што го спроведува здружението ЦЕЛОР од Радовиш, во партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец, во рамки на проектот АЛТЕР, кој е поддржан од Европската Унија.

-На трибината од страна на претставниците од ЛАГ Малеш-Пијенец и ЛАГ Плачковица беше истакната потребата од зајакнување на капацитетите на ЛАГовите и нивна поактивна улога во изнаоѓање на решенија и спроведување на конкретни активности за подобрување на условите и промоција на регионите. Позитивните искуства на акционите групи од поширокиот регион и европските земји може да се искористат како модели кои се применливи и во наши услови, рече Пашалиска – Андоновска.

Додаде дека приоритетна активност за ЛАГ Малеш-Пијанец во следниот период ќе биде мапирање на локалните потенцијали и можности на територијата на трите општини: Берово, Пехчево и Делчево и нивно интегрирање во рамки на мрежата на ЛАГови, како и вклучување во билатерална соработка со ЛАГови од другите Европски земји.

Извор: https://delcevo365.mk/2018/11/10/%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%BC%D1%80/?fbclid=IwAR1G0yZh5qHRT5wKnmkA6Sxlmjj2Jm5Yn5zaTNjnx0xOV1kk6dm3n1cKg4c