Project Description

Комплекс „Манастирски Ендек“/ Во подножјето на Голак, во непосредна близина на
градот Делчево, се наоѓа прекрасниот манастир Света Богородица
Балаклија.Околината на манастирот, со своите специфични камени форми,
придонела уште од дамнина тука да постои светилиште. Сегашниот изглед
манастирскиот комплекс го добил некаде во почетокот на 20 век кога бил изграден
манастирот, но со слаб квалитет. Подоцна, на крајот од векот, повторно била
покрената иницијатива за возобновување на целиот манастирски комплекс.
Главната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, односно за
животоносниот извор. Црквата во 1915 година била од слаб материјал. На 6 јуни
1999 година повторно бил осветен и поставен камен темелник Втората и помалата
црква е посветена на Покровот на Пресвета Богородица. Изградена е во 1920
година и целосно возобновена во 1990 година. Не е осветена и нема
фрескоживопис и икони.