Project Description

Патека на Биодиверзитетот/ од едукативен карактер, наменета за учениците од Делчево, но и за сите љубопитни посетители на градот. Нејзина цел е да се едуцира населението за важноста на реката Брегалница и нејзините еко системи,особено за флората и фауната која живее долж речниот слив на територијата на општина Делчево. Патеката, која се протега долж коритото на Брегалница низ центарот на градот е долга 520 m.Изградена е од природен камен и одлично вклопена во околниот пејсаж. Покрај неа се поставени 20-тина информативни табли за биолошката разновидност на овој простор и на самата река. Дел од патеката во должина од 200 m е осветлен за ноќни прошетки. Во составот на патеката има летна училница за 30 ученици, а речиси на целата должина има клупи за одмор, со одличен поглед кон реката и кон градот.