Project Description

Туристичка населба Абланица/  Туристичката населба Абланица е една од поголемите туристички локалитети во регионот. Локалитетот располага со околу 150 викенд куќи, а дел од нив нудат сместување за туристите. Туристичката населба Абланица има најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во Oпштината Берово. Новоизградената црква Св. Недела и Св. Петка е со фрескопис и иконостас, изработени од локални уметници. Абланица е поврзана и со туристичката населба Равна Река во Општината Пехчево, преку пешачка патека долга  4 km, а во еден дел од патеката поминува и пеашачката патека Берово – Абланица – Беровско Езеро, која се наоѓа на надморска височина од 891 до 1.078 m. Околните ливади и шуми изобилуваат со лековити билки и шумски плодови, кои, во зависност од периодот на вегетација, се собираат од пролет до доцна есен.