Project Description

Црква Св. Архангел Михаил, село Драмче/ Центар на црковниот и просветниот
живот во Драмче и неговата околина била црквата  „Св. Архангел Михаил” што се
наоѓа кај Старòто Село, позната како Шарена црква. Оваа црква градена според
народното предание врз темелите на големата црква „Св. Богородица“ од VI-VII
век. Била разрушена до темел, во исто време, кога биле опустошени и црквите во
Црквенец , Селник и др. населби. Не е познато кога точно е градена оваа црква. Се
претпоставува дека е средновековна, од XI век. Целата внатрешност била со
прекрасен фрескоживопис. Црквата е еднокорабна и е градена со камен и оросан и
покриена со камен. И покрај преземените мерки за заштита, таа во неколку
наврати била опожарувана од страна на Османлиите. Црквата „Св. Архангел
Михаил”  се наоѓа на местото Еремија и е една од највредните споменици на
културата во Пијанец заштитена со Законот за заштита на културното наследство.
Тука, секоја година, со векови, се собираат драмчани и мештаните од околните
села од целиот регион како и градот Делчево. Палат свеќи за здравје и колат
курбан. Во непосредна близина на црквата се наоѓаат остатоците од првото
училиште во Драмче кое било отворено 1869 година. Покрај учениците од Драмче,
училиштето го посетувале и деца од соседните населби. Први наставници биле
свештениците. Драмче има богат црковен, но и просветен живот. Настава во ова
училиште се изведувала сè до 1922 година, кога по изградбата на новата училишна
зграда, тоа  престанува со работа. Во близина на училиштето  се изгради нова

современа училишна зграда во која настава има сè до 2008 год. Поради малиот
број на ученици (само 3), училиштето, по полни 140 години, престана со работа. Со
тоа згаснаа вековните просветни традиции во Драмче.