Project Description
Ченгино Кале/ Ченгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија, е најисточната месност на Република Македонија. Височина на врвот изнесува 1.752 m. Граничната линија на овој простор, во должина од 12 m поминува преку мало природно езерце. Езерцето е со меридијански правец, во должина од 40 m, површина од 310 m2 и длабочина до 0,7 m. Тоа, всушност, е единственото езеро преку кое поминува македонско – бугарската граница. Значи, доколку се земе во детали, најисточната точка во Република Македонија е за 95 m поисточно од врвот Ченгино Кале, а на исток од овој врв се наоѓа површина од нашата држава од 15.365 m2.