Project Description

Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за застапување Делчево и Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија Пехчево

ПОКАНА

Задоволство ни е да Ве поканиме на тридневниот прв во Р.Македонија“LEADER фест Делчево 2015”,кој што е во организација на Регионалниот Центар за Застапување Делчево, во рамките на проектот “LEADER фест 2015”. Оваа иницијатива е поддржана од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија.

Место: Спомен дом АСНОМ, Централно градско подрачјена Делчево

Дата: 02-04.07.2015

Време на започнување: 16.30 часот 02.07.2015

Време на завршувње: 14.00 часот, 04.05.2015

ЛИДЕР пристапот е една од клучните алки за организирање и развој на руралните средини во земјите членки на ЕУ. Во Р.Македонија посебо во микро регионот Пијанец-Малеш настаните поврзани со промоција на чинителите кои се носители на руралниот развој е сведена на минимум и скоро да не постои. Преку превземање ан позитивните практики од земјите членки на ЕУ кои организираат фестивали за ЛИДЕР нашето здружение во соработка со Здружението Амброзија има намера оваа практика да ја востанови во микро регионот Пијанец-Малеш и истата да продолжи да се организира и во наредните години во летниот периодод годината а секогаш менувајки ја локацијата и општината и додавајки нови содржини.

Со овој настан ќе се постигне една голема промена во регионот која ќе овозможи претставување на работата на субјектите кои придонесуваат за руралниот развој и локалната економија на сите четири општини, ќе овозможи вмрежување помеѓу секторска и помеѓу самите чинители како и дружење на учесниците преку програма која е востановена и стандардна на ЛИДЕР фестивалите ширум Европа.

Преку имплементација на проектот и проектните активностие да се демонстрира структуриран пристап кон мобилизација на руралните заедници, за тие да станат посилни застапници на локалниот развој и да учествуваат во руралната политика на локално, регионално, национално и ниво на ЕУ. Ова опфаќа воспоставување ефикасна соработка и взаемна помош помеѓу поединци и организации во руралните области, со цел обезбедување ефикасно претставување на потребите, гласот и интересите на руралното население, како и обезбедување проток на информации помеѓу владините и невладините тела на сите нивоа. Воспоставувањето на локална акциона група е јасна и конструктивна идеја, заснована на цврста основа од луѓе и знаење, која што се создаде преку спроведување активности на LEADER, а кои што во прво време треба да бидат поддржани од донатори и од страна на  локалните институции во микро регионот Пијанец Малеш. Во изминатите пет години РЦЗ во соработка со Мрежата за рурален развој на Република Македонија и со локалните институции (општините, подрачните одделенија на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и со неколку искусни граѓански организации (Локални акциони групи од Република Чешка) направи сериозни чекори за делување на оваа свера во општеството и во овој дел од Р.Македонија. LEADER значи „Врски помеѓу акциите за рурален развој“ и претставува метода на иницирање и спроведување рурален развој во локалните рурални заедници.

Здружението Регионален центар заедно со партнерската организација и останатите чинители од регионот планира да организира фестивал на руралните средини ЛИДЕР ФЕСТ кој ќе се состои од три клучни сегменти и тоа Едукативен дел и реализирање на работилница за вмрежување на чинителите, културен дел со културно уметничка програма како и изложбен дел наменет за чинители од регионот на општините Делчево, Пехчево, Берово и М.Каменица. Ке бидат поканети здруженија, општини, локални институции и заинтересирани граѓани да земат учество и преку презентирање на активности да се претстават на јавноста во регионот со цел што поблиску до гражаните од регионот да се претстават придобивките и можностите што ги нуди ЛИДЕР пристапот.

Активностите ќе бидат спроведени еднодневно каде на површина поголема од 1000 м2 во центарлното градско подрачје на Делчево ќе се случува првиот ЛИДЕР фест.

Цел на проектот

Ø Промоција на ЛИДЕР мерката во регионот преку активности и мерки кои се дел од ЛАГ и ЛИДЕР во Европската Унија

Ø Вмрежување на субјектите и воспоставување на идна соработка

ØВоспоставување на нов вид на манифестација која ќе овозожи промоција на локалните и регионалните чинители

LEADER фест

Делчево, 02-04. Јули 2015

Спомен дом АСНОМ, Делчево, Ул. „Светозар Марковиќ’ бр.1

(мала сала во спомен дом АСНОМ)

АГЕНДА

02. Јули. 2015

16:30 – 18:30 Договор и планирање на чекори за регистрација и сертификација на Пред-ЛАГ во микро регионот Пијанец-Малеш

18:00 – 18:30 Заклучоци за стратешко партнерство на регионот и мрежата за рурален развој на Р.М со ЛАГ од Р.Чешка

18.30 – Затварање на првиот ден

19. 00 Вечера за гости и посетители на LEADER фест

03. Јули. 2015

12.00 – 12.30 Регистрација и LEADER Вмрежување

12:30 – 13:00 Поздравен говор и вовед кон целта и очекуваните резултати од настанот

13:00 – 14:00 Презентирање на наодите од проценката за Пред-ЛАГ-овите, повратни информации од учесниците

14:00 – 14:15 Кафе Пауза

14:15 – 15:00 Презентација на искуства од ЕУ, научени лекции во примената на LEADER, Роман Хакен  член на ЕЕСК Прашања и Одговори

15:00 – 15:30 Македонскиот контекст и – LEADER: Презентација на Новата (нацрт) Македонска Стратегија за LEADER 2015-2020

15:30 – 16:30 Договор за следни чекории заклучоци

16:30 – 17:00 Коктел и понатамошно LEADER вмрежување

17.00 – Посета на локалитет Рамна река, проекти и добри практики

19. 00 Вечера за гости и посетители на локалитетот

04. Јули. 2015

10.00 – Посета на локалитет Езерце- Делчево

11.00 – Посета на туристички локалитет Манастирски ендек Делчево

12.00 – Посета на туристички локалитет Голак Делчево

Со почит,

Регионален Центар за Застапување Делчево

Извор:http://rcz.delcevo.org.mk/leader-%d1%84%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%87%d0%b5%d0%b2%d0%be-2015/