Во рамки на проектот „Малеш-Пијанец е вашата следна дестинација“ кој го реализира Локалната aкциска група Малеш Пијанец, на 17 –ти септември се одржа еднодневна обука за даватели на услуги/ производи од Делчево, Берово и Пехчево. Средбата се одржа во Хотелот „Манастир“ во Берово, а ја водеше Константин Циривири од Маунтин Експириенс кој на приустните учесници од регионот им пренесе информации и искуства преку кои тие ќе можат  да ги подобрат своите вештини и практики за гостопримство во делот на техники за послужување, нудење услуги/производи, комуникација со гости и слично.

Присутните истотака имаа можност и да се запознаат со практичен пример на развивање бизнис за угостителски и сместувачки капацитети во регионот од страна на сопственик на објект во близина на Пехчево. Средбата заврши со дискусија и потенцирање на главните предизвици со кои давателите на услуги и производи се соочуваат периодов, но и трендовите кои постојано ги наметнува динамичниот начин на живот.

Во рамки на проектот претходно се  одржа работилница со засегнатите страни за мапирање на сите потенцијали со кои регионот располага  за да може истите да се искористат во подготовка на туристички тури и да се стават на мапите во земјава и странство. Во наредните 2 месеци додека трае проектот, ќе се креираат туристички производи/понуди соодветно на постоечките потенцијални ресурси и барањата на туристите,  и истите ќе се тестираат  и промовираат  со FAM тури за медиуми и инста инфлуенсери .

 

Проектот согласно неговите цели  е наменет за промоција на туризмот во регионот Пијанец-Малеш, се спроведува во период од 5 месеци и истиот е финансиран е од We Efect програмата на Мрежата за рурален развој.